Запознавање и дебата со младите за предлог-буџетот за 2018 година
Денес во 16 часот во просториите на Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ Општина Крушево организира запознавање и дебата со младите за Буџетот.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и лицето за комуникација со млади во Општина Крушево Сотир Габелоски ќе ја претставуваат локалната самоуправа, претседателот на Советот на Општина Крушево Тома Петроски како претставник на Советот и Finance Think институтот за економски истражувања и политики ќе има свој претставник на овој настан – Благој Ѓелевски.
На овој настан се поканети сите млади да земат активно учество и да се вклучат со свои предлози за предлог-буџетот за 2018 година.