Христоски и Илиески на терен, проблемите со водоснабдувањето во Борино се решаваат
Во текот на вчерашниот ден (недела, 17, 12. 2017) беше отклонет еден дефект со водоснабдувањет во населеното место Борино, Општина Крушево, а денес се работи на уште еден дефект во ова село.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски потенцира дека добил известување од граѓани за проблеми со водоснабдувањето и во консултација со ВД директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески се упатиле во Борино.
„Едниот проблем е отклонет, додека во понеделник ќе се отклони и другиот проблем“, ги информира Градоначалникот Христоски граѓаните од ова населено место преку социјалните мрежи.
Службите на „Комуна“ денес се повторно на терен и работат на решавање на проблемот со водоснабдувањето во Борино.