Претходната власт потрошила скоро 4 илјади евра во продавници за 10 месеци, долг уште 3 илјади

Prodavnica

Во првите 10 месеци од 2017 година во крушевските продавници за колонијал општина Крушево потрошила неверојатни 226 268 денари или околу 3 700 евра, а новата локална самоуправа должи дополнителни 181 998, односно околу 3 илјади евра.

 Ова се пари на граѓаните потрошени за производи како тоалетна хартија, разни видови на крпи за чистење, кафе и слично во само 10 месеци.

Новата локална самоуправа веќе започна со отплаќање на овој долг кон дел од крушевските продавници.

Претходно објавивме дека за рекламирање во два медиуми претходната локална самоуправа потрошила над 6 000 евра, а за репрезентација во 3 локални угостителски објекти 200 илјади денари.

Веднаш по преземањето на функцијата Градоначалникот Томе Христоски се откажа од надоместоците кои му следуваат при службените патувања, се скратија сите непродуктивни трошења и општината почна да ги подмирува своите долгови.