Христоски: Спортската сала санирана, да не дозволиме повеќе да се уништува заради негрижа
Минатиот викенд беше санирана спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ и оспособена за користење и одржување на натпревари.
За градоначалникот Томе Христоски ова е само мал чекор за подобрување на спортските услови во Општина Крушево и треба да претставува почеток во унапредувањето на спортот.
„Салата во близина на месноста „Гумење“ е санирана и подготвена за натпревари. Мораме уште многу да работиме за спортот и никогаш да не дозволиме спортските објекти да се уништуваат.“ порача Градоначалникот на Општина Крушево.
Општина Крушево продолжува активно да работи на трајно решение за спортската сала, односно ставање крај на проблемите и еднаш засекогаш оспособување на оваа сала на професионално ниво.
Подолу погледнете фотографии фотографирани за време на санирањето на штетите и после санирањето.