Тимоние и Христоски: Крушево заслужува втора шанса

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и Амбасадорт на Франција во Република Македонија Неговата Екселенција Кристијан Тимоние остварија работна средба и прошетка низ Крушево, заедно со Претседателот на МАНУ академик Таки Фити, потпретседателот на МАНУ Владео Матевски и рекоторот на УКИМ Никола Јанкуловски.

Покрај работната средба Тимоние и Христоски ги ги посетија галеријата на Никола Мартиноски и полетувалиштето за параглајдинг.

DSC06183

Францускиот амбасадор при кратката прошетка низ центарот на Крушево ги согледа и потенцира дел од проблемите кои се видливи, но и вети дека ќе остане во комуникација со Општина Крушево и ќе понуди помош и поддршка за новата локалната самоуправа.

За градоначалникот Христоски средбата со Тимоние е само почеток на комуникацијата која Општина Крушево има намера да ја воспостави и одржува со претставниците на пријателска Европа.

„Не сакаме да бидеме изолирани, нашата Општина нуди многу и таа ќе биде отворена и постојано ќе остварува средби со претставниците на другите земји во Република Македонија“, изјави Христоски.