Викендов, две театарски претстави во Крушево
Петок, 17 ноември, во Домот на културата ќе се одржи театарска претстава „Малата сирена“, со почеток во 14 часот, а сабота, 18ти ноември, во 17 и реприза во 19 часот претставата „Една куќа будали“ – театар на Крушево (влез: 50 денари).
„Малата сирена“ е во изведба на домот на културата Мирка Гинова од Демир Капија, додека „Една куќа будали“ на учениците од ООУ „Никола Карев“.