Плаќањето на туристичката такса е придонес за подобра туристичка клима
Почитувани,
Во општина Крушево нотираме дека оваа година, 2017, парите уплатени за туристичка такса се драстично намалени во споредба со статистистичките показатели за бројот на туристи кои го посетиле градот и отседнале во категоризираните туристички објекти.
Средствата од туристичката такса што туристичките работници ги уплаќаат, локалната самоуправа ги инвестира во подобрување на туристичката клима, тоа значи дека парите на претприемачите што се обврзани да ги наплатат од туристите согласно Законот за привремен престој на домашни и странски туристи и Законот за угостителство се користат за подобрување и зголемување на нивната работа.
Она што во општина Крушево го нотираме е дека оваа година, 2017, парите уплатени за туристичка такса се драстично намалени во споредба со статистистичките показатели за бројот на туристи кои го посетиле градот и отседнале во категоризираните туристички објекти.
Оттука, ги повикуваме сите сопственици на туристички објекти кои се’ уште ја немаат уплатено туристичката такса да ја исполнат оваа законска обврска. Овие средства општина ги реинвестира во локалниот туризам и наменски се користат за промоција, подобрување на инфраструктурата и организирање на настани кои ќе ја збогатат туристичката понуда на градот.
Ги известуваме граѓаните дека постапката за категоризација на туристички објекти продолжува, а за подетални информации за регистрирање на туристички објекти ги молиме граѓаните да се обратат до надлежните во општина Крушево.