ООУ „Св. Кирил и Метoдиј“ с.Бучин продолжува со реализација на меѓународниот проект „Учи и играј со ИКТ“ кој е дел од програмата Еразмус+ на Европската Унија

Меѓународниот проект  „Учи и играј со ИКТ“, кој се спроведува во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Унија, а го  реализира општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од  с.Бучин, Општина Крушево опфаќа повеќе активности со кои учениците и наставниците од повеќе европски земји ќе имаат можност да ги развиваат јазичните, комуникациските и математичките способности преку примена на икт технологијата.

Благодарение на овој проект, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од с.Бучин беше домаќин на претставници од основни училишта од Ирска, Бугарија, Хрватска, Португалија, Австрија, Литванија и Шпанија кои исто така се вклучени во реализацијата на овој меѓународен проект.

Посетата беше искористена за размена на искуства и практики од образовниот процес во своите земји како и запознавања со историјата и културата на Крушево – како домаќин но и на Р.Македонија воопшто.

На приемот кај Градоначалникот на Општина Крушево, наставниците и директорите истакнаа дека се задоволни од својот престој тука, од храната и гостопримството на граѓаните, а воедно го запознаа Градоначалникот со текот и прогресот на проектот во земјите од каде доаѓаат.

Градоначалникот откако ги запозна со основните податоци за општината и проектите кои се реализираат,  истакна дека е задоволен од одвивањето на овој меѓународен проект, кој е меѓу првите кои се реализираат на територијата на Општина Крушево. Посочи дека се надева на пријатен престој тука како и успешна соработка во иднина на слични вакви проекти за што Општина Крушево е секогаш отворена.