Известување
Се известуваат сите правни и физички лица кои се заинтересирани за закупување на простор пред деловни простории на јавни површини, во рок од седум денови од објавувањето на известувањето да достават барање до Општина Крушево и во прилог да ги достават потребните документи:
- Извод од регистарот на дејности;
- Налог за платени административни такси;
- Употребна дозвола;
- Прецизен опис на комерцијалните услуги кои ќе ги дава на јавната пешачка површина;
- Согласност за исполнување на минимално техничките услови за вршење на дејноста;
- Скица од просторот кој се бара да биде одобрен.
Крушево, 12.04.2017г.
Општина Крушево
Градоначалник,
Ѓорги Дамчески