Одбележана 60 годишнината од Унгарската револуција и борба за слобода во 1956 година
Завршната церемонија на Меморијалниот година посветена на унгарската слобода, се одржа во Крушево под покровителство на Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“.
Во рамките на настанат, во знак на одбележување на 60 годишнината од Унгарската револуција и борба за слобода во 1956 година, се одржаа повеќе програми: положување на цвеќе пред спомен плочата во детското одморалиште „Шула Мина“, прикажување на документарниот филм „Унгарците во Крушево“, дискусија за тоа на кого Крушево даде засолниште во 1957 година со Г-ѓа Éva Egerszegi, доделување на награди за најуспешните литературни творби на натпреварот за литература/есеј „Моите родители/баба и дедо ми раскажаа…“ и на крај џез концерт на Oláh Dezső Jazz Trio.
Наредниот ден беше отворена и изложбата „Слобода и Љубов“ во просториите на СОУ „Наум Наумоски Борче“ со што церемонијата беше затворена.
Покажувајќи ја својата хуманост, Крушевчани придонеле многу за згрижување на Унгарците во 1957 година што покажа и целокупниот настан.
Соработката помеѓу Крушево и Унгарија ќе продолжи и во иднина и ќе брои уште поголеми успеси, истакна Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс кој исто така престојуваше во Крушево.