РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО ПЕРИОДОТ 2013-2016 год. ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО
Реконструиран патниот правец Стопанство-Крушево во должина од 7km.
Вредност на проектот 3,5 милиони денари.
Реконструиран патниот правец Крушево-Сладуево-Демир Хисар во должина од 20km.
Вредност на проектот 7 милиони денари, средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.
Поставена хоризонтална и вертикална сигнализација на регионалниот пат Кривогаштани-Крушево-Демир Хисар.
Уреден влезот на Крушево.
Изградени се 120m потпорен ѕид од двете страни на сообраќајницата.
Поставени се канделабри за осветлување и два јарбола со знамето на Р.Македонија и знамето на Општина Крушево.
Реконструирана главната сообраќајница во должина од 1500m.
Вредност на проектот 5 милиони денари.
Реконструирана и проширена главната сообраќајница на влезот на градот со што се овозможи непречен и безбедно одвивање на сообраќајот во двете насоки.
Реконструкција и поплочување на улици во градот со бекатон коцки:
– улица „Таќа Бербер“ површина од 1050m2
– улица „Томе Никле“ површина од 1300m2
– улица „Никола Карев“ површина од 130m2
– улица „Благо Целев“ површина од 800m2
– улица „Киро Фетак“ површина од 500m2
– улица „Нико Доага“ површина од 1000m2
– улица „Питу Гули“ површина од 400m2
– улица „Мише Ефтим“ површина од 260m2
Нов асфалт на улиците „Коча Миленку“, „Питу Гули“ и „Никола Карев“ во вкупна должина од 1100m.
Се поплочи централното градско подрачје со гранитна коцка, површина 370m2.
Изградени пристапни патеки во градските гробишта, од ул. „Никола Карев“ кон главната сообраќајница и од ул. „Таќа Бербер“ кон главната сообраќајница.
Уредени пешачки патеки
Старите бекатон плочки од Градскиот парк се искористија за уредување на пешачки патеки и тоа – дел од ул.„Коча Миленку“, дел од ул. „Питу Гули“ во должина од 200m. Уредено е и место за одмор до фудбалското игралиште.
Општина Крушево обезбеди 500m2 гранитна коцка, наменета за уредување на централното градско подрачје и тротоарите.
Тампониран локалниот пристапен пат до градската депонија и патот кој ги поврзува крајот на крушевското корзо на Гумење и пешачката и велосипедска патека од крушевското езеро, во должина од 370m.
Расчистени се урнатините од опожарената куќа на ул. „Манчу Матак“ и изграден е потпорен ѕид во должина од 20m. Исто така саниран, исчистен и ограден е црковниот објект на ул. „Тоше Проески“, по крушевските скали.