Музичка работилница со маестро Горан Алачки во Крушево
Во Спомен – домот на Тоше Проески во Крушево од 24 до 26 јуни се одржа втората бесплатна работилница за млади музичари, која ја раководеше маестро Горан Алачки.
Младите имаа можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ја презентираа на завршниот концерт кој се одржи на платото пред Спомен-домот.
Специјални гости на концертот беа македонската поп пејачка Елена Ристеска и македонската фолк пејачка Виданка Ѓоргиевска , кои исполнија дел од своите песните.
Како помина музичката работилница погледнете во фото галеријата.