Сопственикот на текстилната компанија „ФАЛКО“ на средба со Градоначалникот на Општина Крушево
Сопственикот на текстилната компанија „ФАЛКО“, Стефанос Тахмацидис, на средбата со Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески го информираше за идните планови за проширување на дејноста и потребата од обезбедување на дополнителен простор за работа што би обезбедило вработување на нови 25-30 работници во погонот во Крушево.
Сегашниот погон на текстилната компанија во Крушево е сместен во просториите на страта училишна зграда каде вработени се 30 работници.