Потпишан договор за набавка на машина за конструкција ровокопач – натоварувач
Во просториите на Општина Крушево беше потпишан договор помеѓу Општина Крушево и фирмата „Глобал Моторс“ ДООЕЛ Скопје, за набавка на машина за конструкција ровокопач – натоварувач.
Вредноста на инвестицијата е 69.300 ЕУР , а средствата се обезбедени преку грант од Европска Унија, менаџиран од Светска Банка.
Рокот за испорака на машината е два месеци од потпишувањето на договорот и истата ќе биде искористена за потребите на општината и тоа: чистење на снег во зимскиот период, чистење на одводните канали и каналите за наводнување како и одржување на локалните патишта.