Посета на тутунскиот гигант S.E.K.E. S.A.
На покана и во организација на менаџерскиот тим и генералниот директор на S.E.K.E. S.A., Alexandros Kontos од Xanthi, Грција Градоначалникот Ѓорги Дамчески и претставници на локалната самоуправа во посета на тутунскиот гигант S.E.K.E. S.A.
Во текот на посетата беа запознаени со капацитетите на тутунскиот комбинат, процесот на откуп и преработка на тутун како и со идните планови на компанијата за вложување во индустриската зона „Опаленик“ Крушево.
Во текот на посетата, делегацијата беше примена од Градоначалникот на Xanthi, Dimarxopoulos Charalampos и беше разговарано за можностите за културна, економска и секаков вид прекугранична соработка за искористување на средствата од Европските фондови.