Завршен проектот за изградба на цевковод од с.Норово до с.Бучин
Завршен е проектот за изградба на цевковод од Регионалниот водовод Студенчица – пумпна станица с.Норово до с.Свето Митрани во должина од 9км.
Проектот е во вредност од 18.200.000 ден. од кои 14.500.000 ден. обезбедени од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и 3.700.000 ден. од Општина Крушево.
Цевководот ќе обезбеди водоснабдување на с.Врбоец, с.Свето Митрани,с.Пресил и с. Бучин со чиста планинска вода за пиење по природен пат, мин. 8 месеци во годината, а истовремено и финансиска заштеда на ЈП „Комуна“ за електрична енергија во пумпна станица Бучин во висина од 3.500 – 4.000 EUR месечно.
Уште еден чекор кон подобрување на финансиската состојба на ЈП „Комуна“.