Одбележан роденденот на Тоше Проески
Овие денови во Крушево се одбележува 35-от роденденот на големата балканска ѕвезда Тоше Проески кој прерано го напушти овој свет.
По тој повод пред големиот број на фанови , во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево беше промовирана уште една композиција на англиски јазик која Тоше сам ја изработил во неговото приватно студио како и видео запис за истата.
Освен промоцијата, традиционално во неговиот спомен дом беше организирана и крводарителска акција под мотото „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“ на која својата хуманост ја покажа и Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески.