Богојавление – Водици Крушево 2016
Дваесет и осум годишниот Ѓоко Нане беше најсреќен од дваестината крушевчани кои оваа година се фрлија во водите на крушевското езеро, во потрага по светиот крст.
Традиционално големиот христијански празник Богојавление – Водици на брегот на крушевското езеро собра голем број граѓани.
На осветувањето на водата присуствуваше Градоначалникот Ѓорѓи Дамчески кој на најсреќниот Ѓоко Нане му подари Библија и златен крст.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник.
Бог се јави!