Честитки за учениците при СОУ „Наум Наумоски Борче“ од Крушево
На престојниот 16-ти Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“ кој се одржа во Банско, Р. Бугарија, учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево се натпреваруваа во две категории и тоа: театарска претстава и вокално-инструментални изведби во конкуренција на 1500 учесници од Македонија, Молдавија и Бугарија.
Театарската група се претстави со претставата „Чест“, во режија на проф. Никола Јованоски при тоа освојувајќи го првото место, додека музичката група под менсторство на проф. Пеце Христоски го освои второто место.
Општина Крушево им честита на сите ученици и нивните ментори за постигнатиот успех, посакувајќи им уште поголеми во иднина.