Одбележан светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
Во рамките на кампањата за одбележување на светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево испратија пишани и ликовни пораки за безбедно однесување во сообраќајот.
Настанот се одвиваше пред Спомен куќата на Тоше Проески каде беа запалени точно 130 свеќи наредени во концентрични срциња, согласно бројот на загинати во сообраќајни незгоди во РМ во 2015г. – како симбол на љубовта кон Тоше и загинатите во сообраќајни незгоди.