Осумгодишен помен во чест на Тоше Проески
Денес се навршија 8 години од смртта на Тоше Проески кој го загуби својот живот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.
Во негова чест се постави изложба во Спомен куќата, слики, авторски дела на младиот сликар Александар Поповски кој како што изјави ова претставува четврта негова изложба посветена на Тоше Проески и е навистина почестен што денес изложбата се отвара токму во спомен домот посветен на него.
Врнежливото време пак не ги спречи маратонците кои од Нова Градишка трчаа до Крушево да пристигнат и бидат пречекани од Крушевчани со аплауз. Тие исто така оддадоа почит на Тоше на неговиот гроб извикувајќи „За кого? За Тоше!“.