Јавен повик
Врз основа на член 74 од Сататутот на Општина Крушево (“Сл.гласник на Општина Крушево” бр.1/07, 16/14, 7/19, 7/20 и 6/25), Советот на Општина Крушево објавува:
Јавен повик за доставување на предлози за членови на Комисијата за односи меѓу заедниците
Согласно одредбите од Статутот на Општина Крушево, се повикуваат политичките партии застапени во Општина Крушево, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на јавниот повик, да достават предлози за членови на Комисијата за односи меѓу заедниците.
Своите предлози да ги достават до Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
За членови на Комсијата можат да се предложат лица кои ги исполнуваат следните услови:
- да биде државјанин на Република Северна Македонија;
- со постојано место на живеење во општината и
- лице кое што не е осудувано со правосилна судска Одлука со казна затвор во траење од над 3 (три) години.
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања ќе ги разгледа доставените предлози и ќе состави предлог за членови на комисијата кој ќе го достави до Советот на Општина Крушево.
Совет на Општина Крушево
Претседател, Ќемаљ Абазоски
Јавен повик за доставување на предлози за членови на Комисијата за односи меѓу заедниците
