ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА КАНЦЕЛАРИСКИ МЕБЕЛ

Република Северна Македонија

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крушево

Предмет на договор: Набавка на мебел

Реф.бр.  2.5/2022       

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крушево доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договорот за грант бр.2.5/2022 за развој на социјалната услуга  – помош и нега во домот и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за набавка на мебел.

Набавката ќе се спроведе во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) – набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година“.

Се упатуваат сите заинтересирани понудувачи од точка 3.14, 3.15, 3.16 и 3.17 од „Прописите за набавки“, да ги почитуваат одредбите за судир на интереси во делот каде е дефинирана политика за конфликт на интереси на Светска банка.

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Софија Николоска, од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската документација со барање на следната адреса krusevo@redcross.org.mk.

Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 20.03.2023 до 16:00 часот на следната адреса:

Црвен крст на Република Северна Македонија – ОO Крушево

ул. Илинденска бр. 13а, 7550 Крушево.