Достоинствено одбележување на Илинден, денес филмот „Хомо“, утре изложба на Зоран Кардула
Празникот Илинден се одбележи во пријатна атмосфера со покажано достоинство и со содржина за која присутните имаа пофални зборови.
Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ се заблагодари на сите кои го посетија Крушево на 2-ри август и најави богата програма во деновите што следат.
„Им благодариме на сите кои денес присуствуваа на одбележувањето на Илинден. Нека ни е вековит празникот! Манифестацијата продолжува на 3-ти август со проекција на филмот „Хомо“ награден во категоријата игран филм како најдобар на меѓународен натпревар во Англија.“, велат од Манифестацијата.
Еве што следува во наредните неколку денови:
03.08 Проекција на филмот „Хомот“. Летна сцена, почеток во 21 часот
04.08. Изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал Star Wars и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден + ди џеј сет на Томи Бојаџи. Споменик Илинден, почеток во 20 часот.
05.08. Вечер посветена на влашката култура и традиција.
Целосната програма може да се погледне на следниот линк – КЛИК ДО НАСТАН.