Градоначалникот потпиша Декларација за поддршка на женско претприемништво
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес потпиша Декларација за поддршка на Национална платформа за женско претприемништво.
„Во буџетот за 2022-ра година предвидовме средства за активности кои се однесуваат на еднакви можности за мажите и жените, а еве денес потпишуваме и декларација како поддршка на Националната платформа за женско претприемништво. Еднаквоста се гради со вклучување, искрен пристап и желба за постигнување резултати.“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на Декларацијата.
Патформата предвидува зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.
На средбата присуствуваше еден претставник од здружението ЛАГ Агро лидер и координаторката на комисијата за еднакви можности на мажите и жените.