Совет за социјална заштита во општина Крушево

Во општина Крушево денес се одржа конститутивна седница на Советот за социјална заштита на општина Крушево кој ќе има за цел обезбедување на социјална заштита од општината, односно остварување на дејноста социјална заштита.

Советот го сочинуваат 11 членови од различни субјекти со мандат од 4 години: општина Крушево, образование, здравствен дом, полиција, центар за социјални работи, верски заедници и невладини организации.

Работата на Советот се однесува на проблеми од социјалниот развој, одредување и спроведување мерки за заштита од социјални ризици, креирање локален социјален план, ги анализира и констатира состојбите во областа на социјалната заштита и друго.