Општина Крушево и Амбасадата на Романија отпочнуваат соработка, прва комуникација во новите мандати
Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија и општина Крушево ќе ја продлабочуваат соработката на почетокот на мандатите на Н.Е. Амбасадорот на Романија госпоѓа Моника Аксинте и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Денес, 16.03.2022г., се одржа средба во кабинетот на градоначалникот, а дел од истата беше и лекторот по романски јазик на Филолошки факултет „Блаже Конески“ господинот Николае Станчу.
На средбата Амбасадорката Аксинте повика на поинтензивна комуникација во иднина, а изрази иницијатива да го посети Крушево повторно кога би остварила комуникација со повеќе институции и би се разговарало за имплементација на проекти.
„Благодарам за посетата на Н.Е. Амбасадорката Аксинте и драго ми е што остваруваме комуникација на почетокот на мандатот на почитуваната Амбасадорка што значи дека пред нас имаме неколку години да реализираме проекти од областа на инфраструктурата, но и и други компоненти.“, изјави градоначалникот Христоски.
Амбасадорот Аксинте повика на отпочнување иницијативи до Министерството за образование и наука за унапредување на образованието на заедниците во општина Крушево.