Честит 8-ми март
Почитувани сограѓанки,
Ви го честитам Меѓународниот ден на жената 8-ми март со желби за личен успех, напредок и постигнување еднаквост со спротивниот пол.
Вашиот ентузијазам, Вашиот придонес за општината и државата носи успеси за сите нас секој ден. Затоа, Вашата општествена улога треба дополнително да се зголемува во сите области на животот.
Овој 8-ми март е уште еден со многу несекојдневни околности. Тука е Ковид 19 кризата која спласнува, но не е завршена. Потоа, тука е кризата со електрична енергија и војната во Украина која влијае на цела Европа. Покрај овие околности ве повикувам да бидете силни, да бидете среќни, здрави и да продолжите да чекорите кон успехот.
Среќен празник!
Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски.