Да ги негуваме јазиците и да ги пренесуваме на идните генерации

Почитувани,

Јазиците се голема вредност на едно општество. Секој еден јазик претставува мост, а богатство е да се познаваат јазиците на нашите соседи, пријатели, познаници и соработници.

Негувањето на мајчиниот јазик треба да е должност на секој од нас. Негувањето на дијалектите, но многу повеќе на литературниот јазик е нешто што треба да зборува за тоа какви сме ние. Тоа е должност на сите нас како граѓани.

Како институција, сме дополнително обврзани да говориме гласно за прифаќање и промоција на различните јазици. На територија на општина Крушево можат да се слушнат неколку јазици и тоа е за една општина големо богатство, нешто што зборува добро за една општина. Застапувањето на јазиците направи од Крушево да е едно мултуиетничко општество во кое пријателството и толеранцијата се највисоки вредности.

Почитувани сограѓани,

Ви го честитам Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Да продолжиме да ги негуваме нашите јазици и да ги пренесуваме на генерациите што следат.

Ваш градоначалник,
Томе Христоски
21.02.2022