Учествувајте во создавањето на буџетот за 2022
Општина Крушево продолжува со консултации на граѓаните за креирање на буџетот за 2022-ра година. На линкот подолу можете да пополните анонимна форма со која ќе учествувате во одредување на приоритетите на локалната самоуправа за наредната година и ќе можете да дадете ваши предлози.
Формата можете да ја отворите на следниот линк. – КЛИК ТУКА
Општина Крушево во текот на цела година врши консултации со граѓаните, а објавен е извештај во рамки на проектот
„Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“. Овој проект вклучи 87 граѓани на 3 фокус групи на кои се одредија проблеми и приоритети.