Се работи на резервоар за вода во Пресил
Во тек се подготвителните активности за изградба на резервоар за вода с. Пресил, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски беше на увид во работите.
„Денес разговараме за решенија и решавање на долгогодишните проблеми со недостаток на вода за пиење кои ги тиштат моите сограѓани од ова населено место. Зборот ,,ќе градиме” го заменуваме со ,,веќе градиме” едно поинакво, поубаво Крушево.“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи по посетата на населеното место Пресил.
Проектот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот, кој беше потпишан на 29-ти јули, чини 2 122 272 денари.
Истовремено, се работи на резервоар за вода во с. Јакреново, а претходно се изградија резервоари во населените места Борино и Белушино.