Европски совет за туризам и трговија: Крушево стана центар на развој на туризмот и меѓународна препознатливост
Крушево е прва општина во Република Северна Македонија која е сертифицирана како Ковид 19 безбедна дестинација, а градоначалникот Томе Христос е оценет како човекот кој го враќа Крушево на светската мапа.
Ова се дел од впечатоците од посетата на претставници од Европскиот совет за туризам и трговија по посетата на Крушево. Преку неколку објави на „онлајн“ медиуми Крушево се дефинира како прва безбедна дестинација во Северна Македонија која ќе поттикне повеќе туристи во посета на општината, а Томе Христоски е градоначалникот кој го предводи овој успех за Крушево.
„Денес Крушево ги спојува богатствата од минатото со една позитивна перспектива за иднината. Со вакви моќни и ефикасни лидери (како Томе Христоски) Крушево ветува дека ќе го продолжи својот раст како град модел во Северна Македонија и на Балканот“, се вели во една од објавите.
Во објавата насловена како „Томе Христоски: Приказна за еден човек, еден град и еден сон: Крушево“ се вели дека Томе Христоски е човекот кој најдобро може да одговори на прашањата како да се врати довербата во иднината во еден историски град.
„Денес под раководство на овој човек Крушево стана центар за развој на туризмот и меѓународна препознатливост. Покрај развој на туризам врз историска основа, денес градот се развива и во лето и во зима за да стане дестинација за 4 сезони.“, стои во објавата на medium.com
Сертификацијата на општина Крушево ќе донесе една релаксација и удобност на туристите, а студиите, се вели во објавата, велат дека 80 проценти од туристите бираат исклучиво безбедни Ковид 19 дестинации.
Придонесот за оваа сертификација е поттикнат и од иницијативите на градоначалникот Томе Христоски како распределба на маски, нараквици и средства за хигиена.
Прочитајте повеќе на линковите:
Томе Христоски: Приказна за еден човек, еден град и еден сон: Крушево