Вонредна седница за проценка на штети и формирање на комисија
За утре, 13.08.2021г., претседателот на советот на општина Крушево Тома Петроски свикува вонредна седница за прогласување на природна непогода на потегот од Алданци, Норово, Саждево, Јакреново, Борино, Белушино и Селце и формирање на комисија за проценка на штетите.
Седницата ќе се одржи во салата за состаноци во горната училишна зграда со почеток во 11 часот.
Решението за дневен ред погледнете го во документот подолу.