Посетена месноста каде загинал Никола Карев
Изминаа 110 години од смртта на Никола Карев, првиот Претседател на Крушевската Република.
По тој повод делегација од општина Крушево, Советот на Општина Крушево, наставници и ученици од ООУ „Никола Карев“, потомци на Карев како и претставници од НУ „Историски Музеј“ ја посетија месноста Свиланово , положувајќи цвеќе на местото каде во 1905 година херојски загина Никола Карев.
Во чест на Никола Карев свои творби прочитаа учениците од училиштата во Крушево и Кочани кои го носат неговото име.
– Горди сме на херојското дело на Карев и споменот за него го чуваме во нашите семејства. Првпат сме на местото каде што загинал нашиот дедо, изјавија Петар и Борис Кареви, внуци на Никола Карев кои беа дел од делегацијата.