Повик за консултативен состанок со угостителите
Почитувани угостителски работници,
Од 4-ти до 9-ти август во Крушево ќе престојуваат тројца експерти од Европски совет за туризам и трговија кои ќе испитуваат колку нашиот град е безбедна Ковид 19 дестинација.
Општина Крушево за потребите на оваа посета закажува консултативен состанок со сите угостители кој ќе се одржи утре, 29.07.2021 (четврток), во салата за театар и кино во горната училишна зграда со почеток во 19 часот.
Крушево ќе стане европска Ковид 19 безбедна дестинација.
Ги покануваме сите сопственици на хотели, вили, приватно сместување, ресторани, кафулиња, пицерии и други да присуствуваат на консултативен состанок кој ќе претставува едно запознавање за процесот на сертификација на општина Крушево.
Со почит,
Општина Крушево.