Крушево ќе стане европска Ковид 19 безбедна дестинација
Општина Крушево ќе ја посетат експерти од Европскиот совет за туризам и трговија кои ќе ја проценат состојбата со градот како туристичка дестинација за да ја сертифицираат како здравствено безбедна во европски рамки. Потребата од ова сертифицирање доаѓа како резултат на се поголемите барања на европските туристи да посетуваат исклучиво места каде што ќе бидат безбедни од евентуално инфицирање со Ковид-19, а потврда за тоа ќе биде соодветен сертификат издаден од Комисијата.
„Очекуваме да добиеме потврда дека сме Ковид 19 безбедна дестинација. Тоа ќе придонесе да се истакнеме на европската туристичка мапа како безбедна дестинација и вредна, од здравствен аспект, за посета. Крушево ќе биде Covid free дестинација!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Експертите од Европскиот совет ќе престојуваат во Крушево од 4-ти до 9-ти август, а градоначалникот Христоски смета дека ова ќе биде голем придонес за локалните угостители, односно ќе се зголеми нивната работа со фактот што градот ќе биде сертифициран како дестинација која ги почитува сите здравствени мерки и протоколи.