1 милион денари за дигитализација на основните училишта во Крушево
На 70-тата седница на советот на општина Крушево донесени се одлуки за доделување на средства за набавка на дигитални алатки на основните училишта во општина Крушево.
Надополнувањето на блок дотацијата на ООУ „Никола Карев“ изнесува 700 000 денари, додека за ООУ „ Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин изнесува 300 000 денари. Со овие средства ќе се набават дигитални алатки и ќе се олесни и овозможи процесот на дигитализација и учење на овој начин.
За процесот на дигитализација локалната самоуправа презеде обврски овој процес за учениците од општина Крушево да биде полесен и училиштата да ја започнат новата учебна година со соодветна опременост.
Погледнете го Службениот гласник за подетални информации за блок дотациите.