Нов асфалт на неколку улици во Крушево
Општина Крушево работи на реконструкција на локални улици.
Покрај главната сообраќајница во градот во моментов се работи на реконструкција на 3 локални улици во градот, и санација на улица во населеното место Борино.
„Крушево се менува и добива нов изглед, а проблемите на граѓаните се решаваат. Од фотографиите може да се види дека овој пат беше во исклучително лоша состојба и тоа со години. Успеавме да го реконструираме и да обезбедиме проодност и безбедно движење на граѓаните. Паралелно работиме и на реконструкција на главната улица во градот.“; изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.