Потпишан договор за грант за изградба на резервоар за вода во Јакреново
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес го потпиша договорот за грант за изградба на резервоар за вода во с. Јакреново.
„Денес го потпишав договорот за грант за изградба на резервоар за вода во с. Јакреново. Ова му го должиме на граѓаните од с. Јакреново и затоа ми е драго што овој проект во една фаза веќе го имплементиравме, а сега продолжуваме со втората фаза. За скоро започнуваме со активностите за целосна имплементација на проектот.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Овој проект е втора фаза од проектот за водоснабдување на Јакреново. Во првата фаза се работеше на реконструкција на постојни и изградба на нови каптажи и изградба на цевковод. Двете фази се имплементираат преку Министерство за транспорт и врски.