Уредување на улици во град Крушево
Општина Крушево продолжува со уредување на улици и патишта со користење на гребен слој од асвалт. Со овој процес ќе се опфатат повеќе улици во градот кои се тешко проодни.
„Целта на уредувањето на улиците е да се овозможи подобар пристап и користење на овие улици од страна на граѓаните за нивните потреби. Комуницираме постојано со граѓани за да одредиме кои улици се приоритетни за оваа активност. Сакаме Крушево да изгледа поубаво и улиците да бидат функционални за граѓаните.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.