Средба со претседателот на Собрание, Манифестацијата Десет дена Крушевска Република од суштинско значење за Крушево и државата
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа работна средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на кој се разговараше за одржувањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ и нејзино понатамошно функционирање.
„Разговаравме со Претседателот на Собранието за овогодинешната манифестација, но и долгорочното функционирање на оваа организација. Добиваме поддршка од Собранието и навистина ми е драго што продолжуваме со соработката затоа што оваа манифестација зборува за нашето славно минато, за мултикултурниот живот, за херојството за ние денес да живееме во слободна држава“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.