Нов асфалт од спомен куќата на Тоше до влез на Крушево

Започнува реконструкцијата на главната сообраќајница во град Крушево и пределот од влезот на град Крушево, па се до спомен куќата „Тодор Проески“ ќе биде со нов асфалт.

„Како што најавивме, денес започнуваме со работа на главната сообраќајница и за многу брзо со нов асфалт ќе биде најпрометниот дел од градот. Со ова ќе овозможиме квалитетен и безбеден пат и подобра проодност на граѓаните, но и на туристите кон спомен куќата на Тоше, споменикот Илинден и Крушевско Езеро. Крушево се менува!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Share
error

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!