Утре во 11 часот акција за пошумување

Утре, четврток, 22-ри април, во 11 часот ќе започне акцијата за пошумување. Пошумувањето ќе се изврши во околината на споменикот Слива со учество на компанијата СЕКЕ, општина Крушево, Сојузот на земјоделски здруженија, ПСШ „Липа“, ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и волонтери.

Учесниците во оваа акција ги повикуваат сите граѓани на општина Крушево да земат учество во засадувањето дрвца.

Оваа акција е на иницијатива на СЕКЕ во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса“ со поддршка на Сојузот на земјоделски здруженија и општина Крушево.