Апел за откупување на тутунот

Почитувани,

Многу сограѓани тутунопроизводители од општина Крушево се’ уште не можат да го пласираат произведениот тутун и со тоа да обезбедат егзистенција за себе и семејството. Постојано комуницирам со овие сограѓани и се обидуваме да го надминеме проблемот.

Засега, соработката со една компанија тече одлично, но за откуп на преостанатите количини на тутун потребно е да се прошири соработката и со останати компании. За таа цел, испративме барање до неколку компании за производство и преработка на тутун со апел да го откупат тутунот на производителите и со тоа фирмите да добијат квалитетен производ, а граѓаните да обезбедат егзистенција.

Многу граѓани во изминатиот период изразија незадоволство до мене како градоначалник во однос на неоткупениот тутун и оттука упатив апел до тутунските компании за да се откупи тутунот и со тоа да го заштитиме заедничкиот интерес.

И ова јавно соопштение нека биде уште еден апел преостанатиот тутун да се откупи и со тоа компаниите да добијат квалитетен производ, а производителите да ја обезбедат својата егзистенција.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски.