Во тек е тендер за набавка на јеловина
Во тек е оглас за јавна набавка на дробен каменит материјал 0-30 мм јеловина.
Вакви набавки општина Крушево прави редовно во изминатите неколку години со цел тампонирање на пристапни патишта.
„Тампонирањето е уште едно важно барање на граѓаните, особено од населените места. Затоа, еве неколку години по ред, правиме ваква набавка и во консултација со граѓаните работиме на истото.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Огласот можете да го погледнете тука.