Реконструкција на салата и кровот во ОУ „Никола Карев“ во 2021 година
Ќе се реконструираат кровот и спортската сала во ООУ „Никола Карев“ со средства на Владата на Република Северна Македонија која по втор пат ги наменува заради првичната пренамена за справување со Ковид 19.
„Изминатата година најавивме дека се обезбедени средства, но заради состојбата со коронавирусот истите се пренаменија за повторно да ги добиеме за 2021 година. Така што, оваа година дефинитивно започнуваме со работа на спортската сала во ОУ „Никола Карев“ и на кровната конструкција.“, изјави градоначалникот ан општина Крушево.
Средствата се во рамки на годишната програма за изградба и реконструкции на училишта за 2021 година. Одделени се 5 милиони денари за оваа намена.