Донација од мебел и канцелариски материјал од Државна лотарија

Општина Крушево обезбеди донација од канцелариски материјал и мебел од Државна видеолотарија на Република Македонија. Донацијата е во вредност од 988.904,00 денари и истата ќе се употреби за ООУ „Никола Карев“, но и секаде каде има потреба.

„Голема благодарност на Државна видеолотарија на Македонија. Со оваа донација навистина многу ни’ се помага. Предметите кои ги добивме се во одлична состојба и подготвени за користење за полесно одвивање на општествено важни процеси.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.