Окта донира пумпа за снабдување со вода на Крушево
Компанијата Окта донираше пумпен агрегат за снабдување на вода на Крушево од пумпната станица во с. Норово. Оваа донација дојде по оштетувањето на старата со што кон Крушево не можеше да се испумпа вода, а градот неколку денови се соочуваше со повремени рестрикции.
„Се заблагодарувам на Окта за донацијата која ни ја доделија и со тоа овозможија непречено градот да се снабдува со вода. Проблемот кој произлезе е навистина без преседан и дојде неочекувано. Но, заедно со ЈП „Комуна“ успеавме за само неколку дена да го решиме проблемот, а за тоа најголемата заслуга ја има компанијата „Окта“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Се работи за донација на пумпен агрегат П-010-101/1 кој е поставен и веќе неколку месеци функционира.