Отпадот да се фрла паметно, да не дозволиме преполнување на контејнери и загадување на средината
Почитувани,
ЈП „Комуна“ се соочува со преполнување на контејнерите и расфрлање на отпадот околу истите и покрај апелите отпадот да се распоредува во достапните контејнери.
Ова не е прв случај на преполнување на еден контејнер и расфрлање на отпадот заради пренатрупаност, додека на истото место вториот контејнер е празен. Со ова ја загадуваме околината, оставаме лош впечаток за градот и не можеме да спроведуваме ефикасно собирање и менаџирање со отпадот.
Последниот ваков случај се однесува на поставените контејнери во центарот на Крушево, веднаш до поштата. Утрово наидовме на ситуација во која едниот контејнер беше преполн, со отпад насекаде, додека вториот контејнер е без малку празен.
„Секој граѓанин е одговорен во зачувувањето на здравата животна средина. Работата на „Комуна“ е далеку од совршена и има простор да се подобри, но и ние како граѓани треба да придонесеме, особено во случаи како што опишавме погоре.
Отпадот е исчистен и просторот е уреден.“,велат од „Комуна“