Пуштен во употреба резервоарот во Белушино
Денеска во употреба се пушта резервоарот за вода во с. Белушино, проект кој беше ветуван многу години, но денес се реализира.
„Денес официјално го пуштаме во употреба резервоарот во Белушино. Граѓаните од ова населено место со право не веруваа кога ги известивме дека средствата и цела документација за овој проект се подготвени и обезбедени, затоа што со години биле лажени. Денес резервоарот е реалност и проблемите со водоснабдување еднаш засекогаш се решаваат.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од с. Белушино.
Изградбата на резервоарот за вода чини 2 601 900 денари, а имплементацијата е во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.